fbpx

registracija na firma vo makedonija
otvaranje sopstven biznis

Оствари го својот сон
Отвори сопствен бизнис!

Размислуваш за стартување на свој бизнис? Оваа желба можеби изгледа како огромен предизвик, но целокупниот процес може да се заврши за многу побрзо отколку што очекуваш. Дали знаеш дека за помалку од 3 дена твојата нова компанија во Македонија може да биде активна и да има сопствена банкарска сметка?

Отвори фирма е компанија со искуство од над 22 години во областа на македонскиот бизнис консалтинг. Преку 350 клиенти се дел од нашата групација, која го вклучува и лиценцираното сметководствено биро Александар-АК од Скопје, кое постои од 1999 година.

Со нашата експертиза можеме да ти помогнеме успешно да го започнеш својот бизнис. Потребни ти се повеќе информации околу отворањето на фирма? Не двоуми се, пиши ни ги твоите прашања и добиј одговор веднаш!

Како изгледа процесот на отворање на фирма?

„Отвори фирма“ како консултант и пријател на твојот бизнис, детално ќе ти помогне во сите сегменти на лансирањето на твојата нова компанија.

Твојот нов бизнис започнува со идеја. Истата таа идеја треба да се развие на хартија со соодветен бизнис план.

Преку бизнис план, во еден документ се дефинираат цели, мисија и визија на твојот бизнис, а во истиот се разработуваат бизнис моделот, производот, како и се прави детална SWOT и финансиска анализа.

Овој документ е клучен за претставување на твојот документ пред потенцијалните инвеститори. „Отвори фирма“ е достапна да ти помогне со консалтинг услуга и совети поврзани со квалитетна изработка на професионален бизнис план, со гаранција за целосна заштита на сите идеи и информации споделени од твоја страна.

Во Македонија можеш да избереш помеѓу еден од три облици за регистрирање на твојата фирма: ТП, ДООЕЛ и ДОО. Која од овие можности е вистинската за тебе?

Трговец поединец (ТП) е деловен субјект управуван од едно физичко лице кое одговара со својот сопствен имот. Најкористен е од страна на занаетчии, земјоделци, уметници, превозници, и сл.

Друштво со ограничена одговорност едно лице (ДООЕЛ) е деловен субјект управуван од едно лице кое одговара со имотот на компанијата.

Друштво со ограничена одговорност (ДОО) е деловен субјект кој претставува партнерство на две или повеќе лица кои одговараат со имотот на компанијата.

За основање на ДООЕЛ или ДОО е потребен сопственички влог од 5.000 евра во готовина или средства.

Не си сигурен кој облик на фирма е најсоодветен за твојот бизнис? Тука сме да ти помогнеме во вистинскиот избор за облик со кој успешно ќе ја лансираш твојата компанија. Нашето искуство ќе ти помогне во правилна одлука.

Како што е наведено во апликацијата која можеш да ја пополниш во следнава секција на овој сајт, потребни се неколку општи информации кои треба да се поднесат до Централниот регистар за да може фирмата да биде отворена.

Во тие податоци спаѓаат името на фирмата, физичката и електронската адреса за комуникација, име на основачот и управителот, обликот и дејноста на фирмата, како и деловна банка за соработка.

Доколку сакаш отворањето на фирмата да го направиме ние за тебе, и истовремено да те ослободиме од сите административни грижи, слободно пополни ја апликацијата за отворање на фирма на нашиот сајт, а ние ќе те контактираме во најбрз можен рок со конкретна понуда!

Со решение од Централниот регистар, твојата фирма официјално е отворена и подготвена за работа! Веднаш потоа, се отвора и официјалната банкарска сметка и се добиваат печатите за фирмата.

По започнување на работа на фирмата, почнуваат сите предизвици за кои е потребна стручна и експертска помош – почнувајќи од сметководство, даночни консултации, административни услуги и слично.

„Отвори фирма“ со својот квалификуван тим има решение за сите сегменти од работењето на твојот бизнис. Со сите наши економско-правни услуги и консултации кои ги нудиме, ќе го олесниме твојот целосен претприемнички пат.

Што е „Отвори фирма“?

Сакаш да отвориш сопствен бизнис во Македонија? Ние сме идеалното решение за тебе – консултантско биро кое се занимава со сите економски и правни прашања поврзани со менаџирање на компании. Ги вршиме сите услуги потребни за да успешно навлезеш во претприемничкиот свет – помош при отворање, сметководство, даночни консултации, правни совети…

Пополни ја апликацијата и
направи регистрација на твојата фирма!

Потребни се само 8 кратки информации за да можеш да направиш регистрација на нова фирма. Сакаш ние да ти помогнеме во целокупниот процес? Помош при отворање на нов деловен субјект е една од нашите специјалности! Внеси ги твоите податоци, и за кратко време ќе те контактираме со конкретна понуда од наша страна.

    Име на фирма

    Адреса на фирма

    Email адреса


    Име на основач


    Име на управител

    Организациска структура


    Со што ќе се занимавате?

    Одберете Банка


    Број за контакт


    Име на фирмата
    Уникатен назив на деловниот субјект. Внеси го твоето посакувано име, а ние ќе провериме дали е истото слободно за употреба. Доколку е зафатено, од наша страна добиваш предлог имиња.

    Адреса на фирмата
    Физичка локација од каде компанијата ќе ги извршува своите главни деловни активности. Ова седиште ќе претставува и официјална поштенска адреса за комуникцаија со државните институции и други деловни субјекти.

    Емаил адреса
    Официјална адреса за електронска комуникација со државните институции. Емаил адресата мора да биде уникатна за оваа компанија, и досега неупотребувана во Централниот регистар.

    Основач
    Сопственик на фирмата кој одговара за деловниот субјект на еден од следниве начини – сопствен имот (ТП) или имотот на компанијата (ДООЕЛ и ДОО).

    Управител
    Одговорно лице (директор) поставено од страна на сопственикот, кое ги води сите деловни активности во фирмата – комуникација со банка, вработување на кадар, извршување на трансакции, потпишување на договори и сл.

    Организациска структура
    Одбери кој од трите облици на компанија е идеален за твојот бизнис – трговец поединец (ТП), друштво со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ) или друштво со ограничена одговорност (ДОО).

    Дејност на фирмата
    Секоја компанија има своја шифра на дејност. Преку краток опис кажи ни со што ќе се занимава твојата фирма, а ние ќе ја најдеме соодветната квалификација за истата.

    Банка за соработка
    Задолжително е фирмата да има деловна банка за соработка во која ќе ја отвори својата сметка и ќе ги врши своите економски активности.

    Кои услуги ги нуди „Отвори фирма“ за развој на твојот бизнис?

    Имаме решение и професионален совет за сите економски и правни прашања поврзани со предизвиците кои се јавуваат во менаџирањето на твојата компанија. 

    Нудиме брзо и лесно отворање на компанија кое е целосно онлајн интегрирано. Асистираме во процесот и вршиме советодавни услуги со цел да го олесниме твоето искуство. 

    Целосна покриеност и познавање на законите за отворање компанија на странски државјанин во земјата. Секојдневна комуникација и помош во средување на заверките за сите EU, USA и Euro-Asian земји до издавање на решение за отворена компанија, спремна да го започне својот бизнис.

    Вршиме целосна сметководствена услуга за компанијата. Главната цел е професионална и квалитетна финансиска анализа за подобри деловни одлуки. Имаме 22 години искуство на ова поле.

    Доколку се одлучите за непаричен основачки влог (5.000 евра) потребно е да се изврши проценка на Вашите вложени средства. Оваа постапка лесно и брзо ќе ја завршите со нас. 

    Стоиме на располагање за сите видови на правни промени и интервенции потребни во твојата компанија – промена на адреса, управител, шифра на дејност, и слично. 

    Нудиме консултации за правилно утврдување и предвидување на даноци, како и нивна оптимизација.

    НАШИТЕ УСЛУГИ

    Отворање Фирми
    92
    Сметководство
    90
    Консалтинг
    75
    Отворање компании за нерезиденти
    99
    Пријавување/ Одјавување вработени
    80
    Промена на седиште/адреса/управител
    89

    Вести

    Најнови информации поврзани со бизнис индустријата во Македонија.

    Добиј одговор на сите твои прашања

    Сакаш да дознаеш повеќе за процедурата на отворање фирма во Македонија? Достапни сме постојано преку телефонска и емаил комуникација, како и во нашата канцеларија во Скопје.

    Адреса

    ул. 1613 4/5
    1000 Скопје

    Контакт телефон

    +38970360766

    Емаил адреса

    info@otvorifirma.mk